Андоновска: Институциите бегаат од одговорноста за смртта на бебињата

Црниот биланс на Клиниката за гинекологија расте. исплашени се идните родилки, но и оние кои во моментов се наоѓаат таму, исплашени се нивните најблиски и не знаат што се случува во болницата, истакна во петокот на прес-конференција го изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ во врска со смртните случаи на четири бебиња на споменатата клиника во скопскиот клинички центар.

„Вчера во јавноста протече уште една информација дека имало починато и четврто новороденче. Починало уште едно бебе, а министерството за здравство го прикрива случајот. Јавноста дознава благодарение на некој новинар или медиум што ќе се охрабри да пишува за хаосот што го предизвикуваат кадрите на Заев“, рече Андоновска.

Запраша зошто Клиниката за гинекологија и Министерството за здравство го преолчеа случајот и што е тоа се случува на Клиниката за гинекологија? За само три дена имаме четири починати бебиња, а институциите молчат и бегаат од одговорност.

„Родителите на трите бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија се гневни и бараат одговорност! Одговорност мора да има и ќе има! ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДС со брутална партизација на институциите и со поставувањето на некомпетентни партиски кадри државата ја турка во хаос. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само заради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици“, потенцираше Андоновска.

Истакна дека скандалот мора да биде испитан до крај и от за оваа трагедија не смее да биде прикривано ништо.

„Господа од СДС, уште колку животи треба да згаснат за да запре безредието кое го создавате во македонскиот здравствен систем? ВМРО-ДПМНЕ предупреди, но за Заев, Таравари, Милошев и Јовановска, човечкиот живот не претставува ништо. Здравството е во хаос и ако кај одговорните во овој ресор има грам морал и доблест, ќе си поднесат оставка и ќе си заминат од ова професија“, праша Андоновска.

Заклучи дка поради целосната негрижа од страна на премиерот Зоран Заев и неговиот СДСМ на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе бидат казнети од страна на граѓаните и делигитимирани од политичката јавност.