Новата Влада прави антиреформи во здравството, не нуди нови мерки и проекти, туку само ги стопира постојните, вели Марија Андоновска, поранешна пратеничка и актуелен член на Советот на Град Скопје која доаѓа од лекарската фела.
Во интервју за Телевизија Алфа, Андоновска, меѓу другото, говори и за стопирањето на изградбата на новиот Клинички центар.
„Со негово стопирање Македонија ќе биде во голема загуба, скандал од невидени размери, каде ќе трпат граѓаните ако сето тоа пропадне“, вели Андовноска.
Таа зборуваше и за засилените инспекциски надзори во болниците, но и за ветеното и неисполнето зголемување на платите на лекарите, иако како што вели, тоа се најавуваше на голема врата.
Во продолжение погледнете го целото интервју на Андоновска за Алфа ТВ.