Директорката на средното училиште „Миле Јаневски – Чингар“ Лилјана Андоновска Димитровска на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека од 2010 година комплетно било уредено училиштето.
„Основната цел на нашето училиште е да се едуцираме, образуваме, воспитуваме и да стекнуваме елемантарни познавања кои ќе ни послужат полесно да се справиме со предизвиците на новото време“, истакна Андоновска.
Потенцира дека во училиштето имало две струки, односно гимназиско образование и текстилско-кожарска струка, меѓутоа, во 2011 година поради близината на рудникот САСА воведена била нова, рударско-геолошка струка.