Ако тие избори би го решиле проблемот на нефункционирањето на градскиот систем, на ЈСП, непланското креирање на булевари и задоцнетите проекти. Тогаш ние сме подготвени уште утре да одиме на избори затоа што ВМРО-ДПМНЕ издвои убедлива победа на последните локални избори и СДСМ победи со многу мала разлика во само една општина од сите општини во градот Скопје“, рече Секретарот за меѓународна соработка од ВМРО-ДМНЕ и советник во Град Скопје, Стефан Андоновски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.
Тој додаде дека тие се подготвени да одат на такви избори поради тоа што ќе имаат убедлива победа на истите.
„Впрочем ние бараме и централни избори за Парламентот и Владата затоа што така сметаме дека се менуваат работите, а преку локални избори само ќе имаме нов состав на советот во кои според сите анкети ВМРО-ДПМНЕ ќе го освои истиот број на советници, а дури може да биде и поголем бројот на советници“, кажа Андоновски.
Андоновски посочи дека тие избори за советници во Град Скопје нема да го решат проблемот, бидејќи ќе се потрошат десетици милиони евра за нов совет, а градоначалникот ќе остане истиот.
„Ако градоначалничката е подготвена и таа да си даде оставка и заедно да одиме на избори и да го провериме легитимитетот на советот и на градоначалникот, да видиме дали таа се борела изминатата година за сите граѓани или само за своите лични интереси и интересите на својата нова коалиција тогаш да ги провериме на такви избори па да видиме што сметаат граѓаните. Дали овој хаос го креира советот, што јас искрено мислам дека не бидејќи вчера ние донесовме многу значајни одлуки во рамки на советот со надпартиски консензус во рамки на советот“, вели Андоновски.
Тој истакна дека ако така смета така градоначалничката тогаш нека си поднесе оставка и да дадеме и ние оставка и да одиме на заеднички избори.