Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски организираше средба со секретарите на сите општини во Република Македонија.
-Се надевам дека оваа средба ќе биде почеток на една успешна комуникација – во која ќе имаме заеднички позитивни аспекти и меѓусебна поддршка, рече Андоновски.
На средбата се дискутираше за поддршката која првенствено треба да одговара на потребите на граѓаните. Исто така, важни апсекти кои беа дискутирани на средбата беа подобрување на комуникацијата помеѓу Министерството и локалната самоуправа, како и поттикнување на соработка и комуникација помеѓу секретарите од локалните самоуправи.
Андоновски посочи дека клучната поента е правилата кои се однесуваат на работата на админстрацијата во општините мора да се креираат заедно со нив.