Андоновски вели секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за вистинска транспарентност и оти секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства.

– Отворените податоци и дигиталната транспарентност не се само ветувања, тие се нашата алатка против корупцијата и основа за доверба во институциите. Порталот data.gov.mk отвора нови можности, но не смееме да застанеме тука. Нашата цел е да отвориме уште повеќе податоци, бидејќи секој граѓанин заслужува увид во тоа како се трошат јавните средства, нагласи министерот, потенцирајќи дека транспарентноста мора да стане правило, не исклучок.

-Нашата визија е јасна: модерна Македонија каде секоја одлука се гледа со еден клик и се бориме против корупцијата, вели Андоновски.