Андоновски: Владата лицемерно зборува за ЕУ фронт, а во пракса „измисли“ 56 нови директори

„Лицемерно е да се нарекуваат Европски фронт, европска Влада и само Европа им е во секој дискурс, а во исто време клучната работа која Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација, да не се случува. Но, затоа во овие 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник имаме нова институција“, изјави Стефан Андоновски, заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Тој посочи дека не само што не се скратени тие што постоеле, туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа.

„Она што треба да се направи, а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации, е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15% од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик“, посочи Андоновски.