Андоновски: Владата на Ковачевски е убедливо најслаба влада во Македонија во последните 30 години

„По сите анализи кои што се трудев да бидам објективен и да ги направам ова е убедливо најслабата Влада која што владеела во Република Македонија во последните 30 години. Велам најслаба и внимателно ги избирам зборовите затоа што е најслаба и кадровски и програмски. Имам чувство како кадрите во оваа Влада да биле единствените кои што се нафаќале да влезат во една ваква краткотрајна авантура. И мислам дека на тој начин е правен изборот на кадри кои што би влегле по секоја цена само да имаат некаква функција“, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Андоновски запраша кои се резултатите на овие кадри што ги постави Ковачевски во т.н. нова Влада.

„Ајде да видиме кои се резултатите на вицепремиер кој што беше задолжен за борба против корупција, а Македонија беше 111-то место во борба против корупција во светот според Транспаренси Интернешнл и токму тој вицепремиер добива награда да биде сега министер за земјоделие. Ајде да видиме кои се успесите на министерот за внатрешни работи. Дали државата со овој министер е побезбедна, дали немаме принтање на лажни пасоши за белосветски криминалци. Со тие успеси добива награда да биде повторно министер за внатрешни работи“, заклучи Андоновски.

Андоновски посочи дека програмскиот дел на Владата на Ковачевски е една селотејп комбинација на програмата на Заев од 2017-та година комбинирана со марихуана, и тоа многу марихуана. И третиот дел е украдени проекти од програмата „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ од 2020-та година особено во делот на ИТ поддршка, на криптовалути, на регулација на тој пазар и во делот на поддршка на земјоделците, поддршка на младите итн. тука може да се воочи сериозно копирање на проекти.

„Не очекувам дека оваа Влада на овој начин, убедливо најслаба Влада во историјата на Македонија да се справи со три огромни кризи кои што ги имаме“, нагласи Андоновски.