Андоновски: Заев е со две лица, пред ЕП ја фали опозицијата, пред новинарите ја обвинува

Во денешното издание на дебатата „Само вистина“ на Канал 5, дебатните зборови за надворешната политика на Република Македонија ги вкрстија Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Маричиќ од СДСМ.

Она што ја става Македонија во несигурна положба овој период е неизвесноста за добивање датум за преговори за влез во Европската унија, иако премиерот уште минатата година најави дека земјата добила датум за преговори, а сега најавува можен пад на Владата на СДСМ доколку датум не се добие. Токму тоа беше дебатирано од двајцата советници на Заев и Мицкоски.

-Многу е чудно што повторно ја отвараме дебатата за почеток на преговори со ЕУ. Се сеќавате на она фамозно „селфи“ од минатата година од владиниот авион во којшто сите пропоненти на власта се фалеа дека датумот е добиен и сигурно отвараме преговори во јуни.

Тоа не се случува. Меркел вели дека сигурно е дека Македонија нема да добие датум за преговори, рече Андоновски, советник за андворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Го спореди премиерот Заев со римскиот бог со две лица, Јанус, велејќи дека премиерот пред Европскиот парламент вели дека опозицијата учествува и соработува во сите реформски закони, а од друга страна пред свои избрани новинари во Брисел тој ликувајќи ја клевети опозицијата дека е назадна сила и антиреформска, која е националистичка или русофилска, што е небулозно за Андоновски.

Граѓаните не ја чувствуваат економската придобивка која вие ја зборувате, џабе се приказните за НАТО, за ЕУ, Данска кога нас илјадници години нема да не спасат да го стигнеме стандардот на ЕУ според бројките од последниот извештај за Македонија. Премиерот Заев денеска прв се истрча да ги каже бројките од Светска Банка,можеби ќе го смени мислењето до вечер или утре, а не мислам дека на Светска Банка било кој премиер од Македонија може да и диктира бројки, му одговори Андоновски на Маричиќ на неговата забелешка дека порано бројките на Светска Банка и биле диктирани.

Стефан Андоновски рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да оди со принципиелни ставови и со веќе утврдени законски правила на игра кои што сме ги договориле.

Чуму широка коалиција кога ние имаме договор дека при распишување на избори, 100 дена имаме право на техничка Влада. Ајде да распишеме избори, да одиме со техничка Влада. ВМРО-ДПМНЕ ја има нашата поддршка во однос на реформските закони, а ја нема нашата поддршка да краде, да учествува во корупција и непотизам, не планираме да учествуваме во една таква криминогена структура, дециден беше советникот Андоновски.