
Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција ги коментираше информациите за испраќањето на професорот Љубомир Фрчкоски како амбасадор во ОН, откако пропадна обидот на власта да го прати во Вашингтон.
– Очигледно дека Заев нешто му должи на Љубомир Фрчкоски за одработеното. И секој политичар, а особено оние кои се плаќаат од парите на граѓаните при аплицирање за една ваква сериозна функција, треба да ја покажат својата биографија. За жал, биографијата на Фрчковски ја знаеме, тоа е познат факт. Фрчкоски е човек кој кодошел други луѓе во комунистичкиот режим за своја корист. Според српскиот криминалец Љубомир Магаш, Фрчкоски беше посочен како учесник во шверцот со нафта и цигари при распадот на Југославија во 90- тите. Од неговата биографија е познато дека е познат тепач на неистомисленици, на студенти и жени и можеби најважна квалификација е тоа што тој е познат по говор на омраза и навреди кон неистомислениците, особено политичките неистомисленици. Ова претставува срам и непочитување прво кон ОН, а потоа и кон нашиот стратешки партнер САД – рече Андоновски.