![jarmolenko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/jarmolenko.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Еден од најдобрите фудбалери на Украина, Андриј Јармоленко испрати порака до навивачите пред мечот со Македонија на ЕП во рамките на второто коло од групата Ц.
Фудбалерот е благодарен на големата поддршка што ја има од нив и дека тие во следниот меч ќе бидат многу подобри.
„Вашата верба и поддршка ни даваат сила. Немавме среќа. Ќе бидеме посилни во следниот меч. Кој е со нас?“, напиша на својот инстаграм профил.