Андреј Цветковски нов кошаркар на Гостивар

Кошаркарскиот клуб на Гостивар ја засили плејмејкерската позиција со македонскиот кошаркар Андреј Цветковски.

25-годишникот одново ќе менува играчка средина и ќе се обиде да се наметне во редовите на гостиварчани.

Најголема конкуренција за Цветковски ќе биде Американецот Исају Ворку, кој пристигна во Гостивар во пресрет на новата сезона.

Александар Јончевски веќе еден месец прави подготовки за она што ќе следува во наредните неколку месеци.