Андреевски: Јадевме скапана храна, работевме во пекол, од КФМ ни се закануваа и пак – освоивме злато!

Македонската кошарка низ годините, барем во поновиов период по воведувањето на две по квалитет дивизии во евробаскетот, имала неколку генерации кои успеале да ја прескокнат второлигашката пречка и да се пласираат во елитата, но дури летово добивме таленти кои не само што го направија тоа, туку први дојдоа до златниот медал и тоа без ниту еден пораз, пишува Спорт1.

Тоа беа јуниорските репрезентативци предводени од селекторот Горан Андреевски, кои со максимален скор 8-0 буквално се прошетаа на првенството во Скопје и ги стоплија срцата на спортските вљубеници, кои во тие денови заборавија на сите проблеми и маки и навиваа сплотено за хероите во црвено-црна опрема.

-Гледано од денешна перспектива, остваривме феноменален резултат, иако никој не веруваше дека сме кадарни за такво нешто. Вниманието беше насочено кон кадетите, а ние некако бевме тргнати на страна. Ќеиф ми е за момците, кои и претходно имаа собирано меѓународно искуство и покажуваа квалитет, но сега добија шанса тоа да го сторат пред домашната јавноста, која адекватно им се поклони. По мене дури седуммина од нив би можеле да играат веднаш во нашата Прва лига, но тренерите не секогаш им веруваат на младите сили и тоа е проблем, го почна разговорот селекторото Андреевски.

Но, погледот од надвор секогаш дава една, ама тој од внатре сосема поинаква и редовно полоша слика. Така е и во случајот на селекцијата на момчињата до 18 години, кои барем за момент нѐ вратија во едни романтични времиња кога кошарката беше спорт број еден и кога плоштадот беше „дупка полн“ со тие што сакаа да ги поздрават своите идоли. Малкумина знаат дека до големиот успех дојдоа и покрај лошите услови кои им беа овозможени од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и проблемите кои им ги правеа луѓето вработени во неа.

-Не ми е јасно зошто иако како домаќини можевме да избираме, цело време трениравме и најголемиот дел од средбите ги игравме во Кале, каде што климата не постигнуваше и беше ‘милион степени’ што дополнително ги исцрпуваше кошаркарите. За разлика од ‘Борис Трајковски’, која беше целосно климатизирана и каде што ќе имавме врвни услови. Но, некој како да сакал да немаме добри услови и дека треба да се потиме во пеколот. А, можевме да бираме и место и термин кога ќе играме. Истото се однесува и за хотелот во кој бевме сместени за време од првенството – од трите понудени некој ја смести Македонија во убедливо најлошиот. А организатори беа луѓето од КФМ. Зошто тоа беше така – не знам, дополни предводникот на националниот тим.

Повеќе прочитајте на Спорт1