Пет дена пред првата седница на новоизбраниот бугарски парламент, привремениот премиер на земјата Стефан Јанев упати повик до партиите што имаат пратеници во него. Како што јави дописникот на МИА од Софија Јанев нагласи дека партиите треба да влезат во дијалог и да формираат парламентарно мнозинство во 46-то Национално собрание.
„Дискутирањето на принципот проба-грешка не е најдобрата опција. Наместо тоа, мора да се потпре на дијалогот во рамките на партиите во парламентот за да може да се формира стабилна парламентарно мнозинство за избор на влада” изјави Јанев.
Според Стефан Јанев, тоа сепак треба да има јасни приоритети, јасни цели, бидејќи на Бугарија и е потребна ваква влада и управување.
Бугарскиот премиер Јанев неодамна ја отфрли идејата привремената влада да биде реедовна, како што сугерираше лидерот на „Исправи се„ Мафијата надвор!”, Маја Манолова, а Бугарската социјалистичка партија објави дека ова е „можно решение”.