Јанев на терен во Крушево: Да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од формирањето на Крушевската Република и Илинденското востание

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска заедно со тимот од оперативниот штаб извршиле скенирање на клучните локации во Крушево.

Јанев се сретнал со колегите на терен задолжени за редот и безбедноста, а по повод чествувањето на нациoналниот празник Илинден.

-Им дадов до знаење дека заедничка задача е да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од формирањето на Крушевската Република и Илинденското востание, кога се постави темелот на борбата за независност, објави директорот на БЈБ.

Полицијата во служба на граѓаните, заедно во славењето на нашата историја и во градењето на нашата иднина.