Јанева, Заев и Русковска во ист период биле во Грција. Постои ли тајна средба?

Што правеле Јанева и Заев во ист момент во Грција и дали таму се наоѓала и обвинителката Вилма Русковска, запраша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во телевизија Алфа?

Уредникот на Инфомакс јавно ја запраша Русковска дали се познавала со сопственичката на 1 ТВ, Јасна Мандиќ, дали од неа некогаш добила молба да не се процесуира кривично дело кое било под истрага на финансова полиција и дали можеби таа добила нешто за возврат.

-Кога излегоа индициите дека има истрага против Јасна Мандиќ, Катица Јанева, Боки 13, Зоки Кичеец во тој момент Зоран Заев отиде на одмор во Грција. Ако се сеќавате претходно неколку дена Катица Јанева отиде на одмор во Грција и ние добивме некои информации од свиркачи кои што упатуваа на тоа дека Јанева е на одмор во Ал Маре кој што случајно или не е во сопственост на Јасна Мандиќ, која е сопственик на БМЈ медиа груп, а БМЈ медиа груп е сопственик на 1 ТВ. По некоја случајност во хотелот на Јасна Мандиќ се наоѓа Јанева која е под истрага. Ние се јавивиме во хотелот да потврдиме, ни се јавија на грчки зборуваа па потоа ни се прејавија и на прашањето може ли да ја добијам Катица Јанева на телефон ни одговорија, а кој ја бара. Од тука логично може да заклучиме дека Јанева била таму. Истрагата наша продолжи во насока каде е Зоран Заев. Од Влада ни потврдија дека во тој момент Заев се наоѓа на одмор во Грција. Во тој момент се прашувавме и каде е госпоѓата Вилма Русковска. И таа била во Грција не знам дали на истото место, јас претпоставувам дека биле. Ама биле сите во Грција во ист момент. Но еве јас ќе ја прашам Вилма Русковска. Барем за тоа не може кривично да ме гони. Ќе ја прашам дали и од кога се познава со госпоѓата Јасна Мандиќ, дали некогаш од госпоѓата Мандиќ добила молба да и заврши работа да не се процесуира кривично дело кое било под истрага на финансова полиција. И што за возврат добила од тоа? Јавно да ја прашам, вели Митовски.