Јаневска до Царовска: Катастрофа се случи кога повлековте учебник поради политичко барање на одредена група

Кога министер ќе повлече учебник настанува катастрофа. Бидејќи прво не образложувате зошто ги повлекувате учебниците и јас ќе потсетам дека на барање на определена група повлековте учебник по Географија, без никаква стручна и научна дискусија само затоа што елементите научни кои биле во тој учебник, кои ги претставил професор соодветен за таа област вие на политичко барање на одредена група повлековте учебник, ја потсети Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ министерката Царовска во гостување во емисија „24 Анализа“.

Јаневска ја запраша Царовска дали смета дека децата во денешно време, во 21 век не треба да имаат достапни материјали или учебници.

„Па, министерке Вие знаете дека ние не сме ни Данска, ни Шведска. Јас ова што го зборувам, само велам дека ќе им помогне на учениците, а ќе им помогне и на наставниците“, истакна Јаневска.
Јаневска посочи дека катастрофа ќе се случи ако се дигитализира образованието целосно, катастрофа ќе се случи ако учениците немаат учебници.