Јаневска, идната министерка, најави ревизија на универзитетите, високите школи и студиските програми за медицина

Идниот министер за образование, проф д-р Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за ТВ21, а по добивањето дозвола за Медицински факултет на градоначалникот Рамиз Мерко, најави ревизија на универзитетите, високите школи, како и студиските програми за медицина.

Според неа, во Македонија несоодветно и без база и анализа се отвораат премногу универзитети и високи школи кои не покажуваат никаков ефект.

Приватните универзитети беа предвидени да бидат конкуренција на државните, меѓутоа во практиката се испостави дека тоа не е така, напротив на сите квалитетот на образование опадна. Во тој правец ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за образование и наука и во својата програма има предвидено сериозна анализа на бројот на факултети, универзитети, студиски програми кои ќе мора да се ревидираат и дел од нив и треба да престанат со работа затоа што навистина ние не го гледаме бенефитот од тоа што моментално се случува. Ние имаме 3 медицински факултети, повеќе од 3 високи школи, средни школи за медицински сестри, високи школи за медицински сестри“, вели Јаневска за ТВ21.

Според неа, ефектот од тоа на крај се сведува брзо знаење, односно не ефикасно знаење.