Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки, информира министерката за образование у наука, Проф д-р Весна Јаневска.
-Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законските услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира.
Одлучни сме да го унапредиме квалитетот на образованието во Македонија. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, порачува проф. д-р Јаневска.