
Советот на јавни обвинители на вчерашното заседавање по однос на претставката на в.д. претседателката на Кривичен, Татјана Михајлова донел одлука дека Јанева и Фетаи со нивното однесување го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители.
„Однесувањето на Јанева и на Фетаи е неприфатливо и е во спротивност со етичкиот кодекс“, рече претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.
Аневски рече дека ќе и предложи на Специјалната обвинителка, Јанева, како раководител на СЈО, да изврши смена на обвинителот што го застапува обвинението против екс премиерот Никола Груевски за предметот „шамари во центар“.
На последното рочиште за овој предмет што се одржа на 22 минатиот месец и двете обвинителки влегоа во жестока расправа со судијката во оставка Татјана Михајлова, по што таа двете ги казни по 2.000 евра за непочитување на судот.
Следното рочиште за овој случај е на 10 март, еден ден по седницата на Советот.