Стратешка цел е регионот да стане дел од ЕУ, вели словенечкиот премиер Јанез Јанша, јави дописничката на МИА од Брисел.
Јанша ги наброја приоритетите на неговата земја за време на претседавањето со ЕУ кое ќе се случи за еден месец. Јанша не кажа дали тој или неговата влада е автор на нон пејперот кој го вознемири регионот, но ја изложи словенечката позиција за ЕУ перспективата на Западниот Балкан.
„Проширувањето на ЕУ е стратешки одговор за многу од тековните предизвици“, рече тој.
Смета дека кризите од последните години – економската, бегалската и здравствената, во ЕУ го симнаа проширувањето на дното на приоритетите, што остави простор за влијание од други големи сили.
Нон пејперот кој се поврзуваше со Јанша предвидуваше поделба на БиХ и спојување на Косово и Албанија. Потоа се појавија уште два нон пејпери.
Вучиќ би го признал Косово ако за возврат ја добие Република Српска, изјави поранешниот косовски политичар Азем Власи.
Големите сили, САД, ЕУ, се против промена на границите затоа што тоа може да доведе до војни.