![merkel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/merkel.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Германската канцеларка Ангела Меркел излезе од самоизолација и им се врати на своите државнички обврски, откако тестовите на коронавирус три пати по ред беа негативни, соопшти нејзиниот портпарол.
Меркел беше во самоизолација и работеше од дома откако на 20 март ја вакцинирал лекар за кого подоцна се утврди дека е заразен со коорнавирус, наведоа британските медиуми.