Германската канцеларка Ангела Меркел, која по најдолгите коалициони преговори до сега повторно е избрана за германски шеф на Владата, се одмора во Сент Мориц, пренесува таблоидот Билд.
Меркел, својот прв термин како канцелар го има за 15 дена, пишува овој таблоид кој објави и фотогрии од Мерекл од ова швајцарско познато зимувалиште, каде што е сликана со скии под рака. Тие коментираат дека ја облекла својата сива јакна, онаа истата која ја носила и на минатиот зимски одмор.
Како и секоја година, Ангела Меркел својот зимски одмор го поминува во Сент Мориц. Германската канцеларка изјавила дека божиќните празници ќе ги искористи за малку повеќе свеж воздух и средби со пријателите и семејството.За време на празничните денови, на нејзината трпеза ќе се најде печена гуска, која таа ќе ја подготви.
Германските политичари и годинава различно ќе ги поминат божиќните одмори, на патувања и дома со семејството покрај елка на богата трпеза на која ќе се најдат чадена риба, компир салата со колбаси, кисела зелка со суво месо како и печена патка.