Ангела Меркел останува најпопуларна политичарка за Германците

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Белград и Приштина на компромис, истакнувајќи дека само напредок во дијалогот ќе го овозможи нивното приближување кон Европската унија. - Време е да се постигне компромис - рече таа на заедничката прес конференција по разговорот со косовскиот премиер Иса Мустафа во Берлин. Вчерашната рунда преговори меѓу Белград и Приштина во која учествуваа српскиот и косовскикот премиер Александар Вучиќ и Иса Мустафа, со посредништво на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, во Брисел заврши без договор. Таа додаде дека нивното натамошно приближување кон Унијата зависи од напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина. - Само доколку тука постои напредок, ќе постои напредок и во врска со нивното приближување кон Европската унија - порача германската канцеларка. Како што пренесува приштинскиот весник „Коха Диторе“, Меркел на Мустафа му го повторила ставот на Берлин дека не постои никаква шанса на жителите на Косово да им се одобруваат барањата за азил, а косовскиот премиер, како што се наведува, кажал дека на средбата станало збор за „билатералните односи меѓу двете држави, ситуацијата на Косово и односите со ЕУ“. -Разговаравме за суштински прашања кои ги окупираат Косово и ЕУ, за прашањата на развојот, европските интеграции и борбата против организираниот криминал и корупција, како еден од критериумите кои треба да се исполнат за либерализација на визниот режим - рече Мустафа. „Коха Диторе“ наведува дека германската канцеларка на Мустафа му предочила дека продолжувањето на дијалогот, неопходниот компромис и формирањето на специјален суд за злосторствата кои ги стоприла ОВК се барањата кои Косово мора да ги исполни.

Канцеларката Ангела Меркел останува најпопуларна германска политичарка, судејќи според анкетата што ја спроведе Институтот за истражување на јавното мислење Форс.„Големата доверба која ја ужива Ангела Меркел покажува дека таа во јавноста е сметана за некој вид канцелар кој се поставува над партиските и политичките кавги“, изјави Манфред Гуелнер, директор на Форс, давајќи коментар на резултатите од анкетата.

Во првата ранг листа на Форс за годинава Меркел добила 59 од 100 поени и ја задржа својата челна позиција од минатата анкета, пренесе Фена.

Форс редовно го утврдува нивото на доверба кое германските граѓани го покажуваат за своите политичари. Лидерот на германските Зелени, Роберт Хабек, е втор зад Меркел со 50 поени, забележувајќи пад од еден отсто од претходната анкета, и покрај тоа што беше критикуван во пошироката јавност заради агресивната изјава за американскиоот претседател Доналд Трамп.

Говорот што Трамп го одржа на Светскиот економски форум во Давос, Хабек го нарече „најлошиот говор што го слушнал во својот живот“.