Ангела Меркел првпат ќе го посети Аушвиц

Ангела Меркел ќе биде третиот германски канцелар што го посетил најголемиот нацистички логор Аушвиц. Нејзината посета на Аушвиц, кој се наоѓа на територијата на Полска, планирана е за време на одбележувањето на 75 години откако Советската армија ги ослободи затворениците.

Посетата на Меркел е во периодот на пораст на антисемитизмот во Полска и во Германија. – Таквата посета е посебно важен сигнал за вниманието и солидарноста, во време кога преживеаните од Аушвиц се мета на антисемитски навреди и пораки со омраза, изјави Кристоф Хјубнер од Меѓународниот комитет за Аушвиц.

Предвидено е и Германија да донира 60 милиони евра за Фондацијата Аушвиц-Биркенау, која одбележува десет години од формирањето. Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот. Исто така е предвидено германската канцеларка да положи цвеќе во соседниот логот Биркенау.

Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.