2.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025

Ангела му „пресудила“ на Пино, па убиецот му пукал во главата

Даваесет и двегодишната Ангела Ѓ.  од Ѓорче Петров „му пресудила“ на својот четири години повозрасен пријател Пинета Секондо кој бил застрелан во главата од 27-годишниот Ф.А. на 11-ти декември 2018 година, истиот ден кога убиениот бил пријавен за исчезнат, објави во петокот вечерта порталот  24инфо.мк

Кои се мотивите за убиството засега се непознати, а забуна создава и информацијата од Основното јавно обвинителството дека е издадена наредба за спроведување истражна постапка само против егзекуторот, но не и против Ангела за која Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за убиство.

Дека Ангела е вмешана во убиството постојано обвинуваше мајката на Пино, Маја Трпковска, според која, нејзиниот син вечерта на 10-ти декември заминал во Ѓорче Петров да се види со пријателката. Која била целта на посетата засега не е познато, иако според најблиските на Пино, Ангела вечерта му се јавила и побарала да дојде кај неа. Тој рекол дека „не знае зошто го бара“, но заминал, иако не бил волен. Тоа било неговото последно заминување од домот.

„Девојката Ангела ме пријави во полиција бидејќи сум ѝ досадувала на телефон. Па нормално дека ќе ја барам, јас си го барам детето. Она нон стоп истото го вели, се виделе, стоеле пред зграда кај нејзе и Пино и рекол „уморен сум и ќе си одам дома“. Значи од местото ние каде што живееме, да стасаш до Ѓорче Петров има 30 километри и по 15 минути веднаш да си заминеш од таму. Според мене, таа го има измамено син ми за да дојде итно кај неа. Ние не ја познавме девојката. Таа го има излажано да оди во Ѓорче, рече ТРпковска за 24 Инфо пред три месеца.

Според неа, последен пат Пино е снимен на камерата што е на излезот од Скопје околу 22.40 часот, кај клучката за обиколницата во Сарај каде што завртел со автомобилот „шкода“ за да си оди дома. Автомобилот бил снимен од камерите, но не е познато дали Пино го возел или некој друг или, пак во него имало повеќе лица. Од извештајот на ОЈО, не е познато што се случило со „шкодата“ на Пино.

Според Обвинителството, на ланскиот 11-ти декември околу 2 часот, откако претходно се сретнал со Пино, убиецот со авомобил „опела аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново крај Скопје. Осомничениот извадил пушка и го застрелал Пино во главата. По убиството, во обид да се скријат трагите, исто така според ОЈО; телото било однесено во местото викано Башинец над село Љуботен, но не се прецизира дали убиецот тоа го направил сам. Таму трупот бил оставен во дупка и покриен со ќебе. Веднаш потоа Ф.А. избегал и досега е недостапен за органите на прогонот.

Шест месеци по убиството, останува нејасно зошто теренот околу Арачиново не бил пребаран детално, ако се знае, како што тврди Трпковска, приватниот телефон утрото кога ѕвонел татко му во 6.42 бил лоциран на клучката Арачиново-Стајковци-Ченто. И таа информација ја добила од хакери, кои ги ангажирала во истрагата.

Екипа на 24Инфо била на местото каде што е пронајдено телото на Пино, односно делови од скелетот. Она што е значајно за истрагата е дека бил пронајден череп со оштетување, односно дупка за која е утврдено дека настанала од куршум. Според извори во истрагата, трупот бил закопан во релативно плитка дупка длабока 30-ина сантиметри и покриен со камења. Со ДНК анализа било утврдено дека станува збор за Пино.

Убиецот добро го знаел теренот, кој е тешко пристапен, особено во зимските и пролетните месеци кога има снег или кал од дождовите. Самото место каде е пронајден трупот е на околу половина час возење од Љуботен, на околу триесетина метри под земјениот пат кој води кон изворот Башинец. Патот, кој по целата должина се издига над водата и под кој има густа шума, води кон неколку викендички кај самиот извор. Токму сопственик на една од викендичките на 29-ти април околу 14 часот го забележал скелетот и повикал полиција. Она што може да се забележи дека местото најчесто го посетуваат дрвокрадци, барем според исечените трупци кои се гледаат кога ќе се навлезе во шумата и тоа на повеќе места долж патот.

Ф.А. бил сигурен дека телото нема да биде лесно откриено поради непристапноста на теренот, па не се потрудил подлабоко да го закопа. Сепак, дождовите предизвикале свлечиште, па телото се открило. Останатото го направиле животните кои го растргнале телото. Делови од скелетот, конкретно дел од бутната коска и рбетниот столб се најдени на релативно рамна и расчистена површина во долот во кој има поголеми камења, но и изгорен дел, најверојатно од пожарите пред околу два месеци.

Иако убиецот е познат, надлежните треба да дадат одговор кои се мотивите за убиството и дали можело порано да се откријат сторителите, дали имало и други вмешани во убиството, но и каде е автомобилот на Пино.

Според извори во истрагата, полицијата претходно ја испрашувала Ангела која била подложена на полиграфско тестирање, но детекторот не ја фатил девојката во лага.

Извор: 24инфо.мк

slot gacor 777 slot gacor maxwin slot mahjong Bocoran Situs Terbaru Tiksujp Slot Toto 4D Slot Hongkong Gacor Maxwin Istanapetir Live Casino Terpercaya Bandar Togel Resmi Situs Slot Gacor 777 Bandar Slot Gacor Maxwin Link Slot Gacor Slot Thailand Gacor Maxwin Slot Thailand Gacor slot maxwin https://likein.id/ Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Hari Ini Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Gampang Menang Cheat Slot Gacor Istanapetir Situs Slot Gacor 4D Slot Gacor Thailland Istanapetir slot thailand cupangjp Cheat Slot Gacor Maxwin Apk Cheat Resmi Slot Gacor Maxwin Slot Gacor Maxwin 2025 Slot Server Tokyo Link Resmi https://onlineradio.jatengprov.go.id/media/ Slot Tergacor Server Thailand 777 Situs Slot gacor Maxwin Terbaru Slot Jp Maxwin Situs Resmi Thailand Slot Resmi Maxwin Server Thailand SLOT GACOR 777 APK SLOT TOTO 4D https://pertanian.hsu.go.id/vendor/ SLOT GACOR SLOT GACOR MAXWIN 777 slot mahjong ways scatter hitam agen slot gacor 777 slot thailand 777 slot thailand slot gacor slot mahjong ways 777 Situs Tergacor 2025 Agen Slot Gacor Maxwin Mahjong Gacor SlotGacor 2025 https://saburai.id/ https://flowerboxatelier.pl/ https://buletin.nscpolteksby.ac.id/ https://nscpolteksby.ac.id/pjdmo/ https://nscpolteksby.ac.id/press/ https://www.opdagverden.dk/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor https://info.syekhnurjati.ac.id/vendor/ https://archvizone.com/ https://www.eductrade.com/ https://www.kalro.org/ https://likein.id/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor https://sifa.iaiyasnibungo.ac.id/ https://sifa.iaiyasnibungo.ac.id/assets/ https://web.pn-majalengka.go.id/