Ангелка Пеева Лауренчиќ претседателски кандидат

Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, се разбира ако   Либерал – демократската партија ја донесат тешката одлука  на претседателските избори  да настапат  самостојно.

Ангелка Пеева Лауренчиќ се повлече од политичките води по пратеничкиот мандат од ЛДП од 2002 до 2006. Во политиката влезе со либералите на Стојан Андов, а пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади .

Од политичките, таа потоа премина во бизнис водите. Веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.