
Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија денеска во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на „Жена на годината” во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки”.
Во категоријата „Жена со трајни вредности“ лауреатот и припадна на Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;
Инаку, во онлајн номинирањето учествуваа 569 лица, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.
Признанијата во другите категории ги добија:
Категорија „Жена менаџер на годината“ – Викторија Механџиска, Зегин;
Категорија „Млада жена менаџер на годината“ – Сања Лукаревска, УЈП;
Категорија „Странец жена менаџер на годината“ – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
Категорија „Жена со најголеми достигнувања во културата“ – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена земја;
Категорија „Жена со најголеми достигнувања во спортот“ – Сара Ристовска, ракомет;
Категорија „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
Категорија „Жена со најдобар стил“ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
Категорија „Инфлуенсерка на годината“ – Лила Филиповска, ТВ Сител.
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.
Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.
Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг 365 и Касиа евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.