Ангелот на Викторија Сикрет, Жозефин Скривер му рече „Да“ на својот избраник Александер ДеЛион, под магичната светлина Аурора Бореалис. Убавата Жозефин ја објави возбудливата вест на својот Instagram профил, каде сподели детали од моментот на запросувањето и фотографии од феноменот на поларната светлина.
Некогаш Универзумот едноставно си ги мести коцките. Цела недела претходно ја чекавме поларната светлина да се појави на небото. Оддеднаш, истата ноќ кога Алекс ја објави неговата прва песна напишана за мене „Aurora Borealis“ ја видовме и поларната светлина. Љубовта и магијата секогаш си го наоѓаат патот. Изгледаше како љубовен спектакл на небото напиша ангелот Скривер.
Александер ДеЛион е пејач, на јавноста познат како Bohnes и со Жозефин се во врска од 2013 година. Како место за запросување ја одбра Финска, знаејќи колку многу неговата сакана има желба да го види скандинавскиот феномен Аурора Бореалис.
Поларната светлина е природна појава на небото која се јавува само во поларните региони и најчесто е со тонови на зелена боја. Аурора Бореалис се создава предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.
Мора да се согласиме дека идејата му била оригинална и фантастична.