Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава!

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, ќе побара извинување од сите новинари поради како што рече, нападите што ги трпел во текот на вчерашниот ден поради пожарите во Македонија.

-Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации, рече Ангелов.