![image_2021-08-20_161435](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/image_2021-08-20_161435.png?resize=628%2C491&ssl=1)
Почитувани сограѓани,пријатели
Да се добие довербата за да се биде кандидат за Градоначалник претставува голема чест но и голема обврска. Тоа е должност која бара посветеност и одговорност, тоа е обврската која јас ја прифаќам.
Напредокот е најдобар заштитник на принципите, тој е и главната цел заради која работиме. Да градиш, тоа е тежок и спор процес, тоа е тешка повеќегодишна задача. Но, јас секогаш велам да се гради во интерес на граѓаните.
Пред нас се многу предизвици. Целта е една, подобра иднина за сите граѓани на општина Чешиново-Облешево.
Обврска моја ќе биде, да сум дел од вас и да помагаме јас и мојот тим околу секој ваш проблем. Моја должност е да се потрудиме заеднички да ги решаваме проблемите. Низ моето животно искуство научив да бидам решителен, но и трпелив. Проблемите никнуваат од сите нас, но проблемите и се решаваат од сите нас. Цврсто ве уверувам дека на сите проблеми со кои се соочувате ќе им излегувам во пресрет и ќе ги решавам заедно со вас.
Мојата општина е моето секодневие. Мојата општина е дел од мојата држава. Не е сеедно каква утре ќе биде таа. Мојата општина не смее да биде помалку развиена од секоја друга соседна и не смее да биде занемарена во ниту една сфера на нејзиното работење. Сите заеднички ќе се заложиме за нејзино вклучување во сите современи текови и заеднички да ја изградиме за нашето поквалитетно функционирање.
Ќе застанам во ист ред со сите вас и заеднички да се поведеме на патот кон остварување на една нова позиција.
Со почит,
Далибор Ангелов
Кандидат за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на општина Чешиново-Облешево
Фејсбук објава на Далибор Боро Ангелов