
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рано утрово го посети Секторот 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од страна на дежурниот сменоводител и примателите на итни повици беше запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112.
Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика.