Ангелов со австриските пожарникари во хеликоптерско извидување на пожарите во Берово и Пехчево

Денеска, при крајот на денот, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со раководниот тим на пожарникарите од Австрија изврши хеликоптерско извидување, со полицискиот хеликоптер, на пожарите на територија на општините Берово и Пехчево за потребите за дејствување и противпожарните координирани методи и тактики коишто странските пожарникари ги преземаат заеднички со домашните сили согласно и безбедносни мерки за заштита и на пожарникарите и на населението.