Продолжување со спроведување на успешна и независна монтерна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка е предизвикот кој стои пред новоизбраниот гувернер на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, а претходно нејзиниот претходник на должноста Димитар Богов за својот седумгодишен мандат на гувернер на Народната банка на Република Македонија, кој истече во понеделникот, истакна дека во неговиот мандат имало стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем, што бележеше раст и развој, и ниска каматна стапка, што достигна историски најниско ниво.
Во изјава за медиумте по преземање на функцијата од досегашниот гувернер Димитар Богов, таа му се заблагодари на Претседателот Ѓорге Иванов за неговата номинација, но и на сите политички партии кои го подржаа овој предлог.
Ова, како што рече, за мене многу значи, но мислам дека треба да значи за целото општество, бидејќи тоа е поддршка на професионализмот,
Тоа, според неа, е клучна работа за просперитетот на нашето општество.
„Пред мене стои предизвикот за продолжување со спроведување на успешна и независна монетарна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на Центрлната банка, а тоа се ценовната стабилност, за која сметаме дека е најдобриот придонес што може да го даде во општеството и тоа преку стратрегијата на одржување стабилен девизен курс на денарот. Одржување на банкарската стабилност, стабилноста на банкарскиот систем, а преку тоа директно давајќи придонес за целокупната финансиска стабилност во нашата економија и дополнително поддржување на општите економски политики во нашата економија, изјави Ангеловска-Бежоска.
Се заблагодари и на досегашниот гувернер Димитар Богов, за кој рече дека Банката ја водеше многу успешно во многу критични моменти и период со кои се соочи нашата економија.
„Јас како негов близок соработник, дел од неговиот тим, учествував и имав задоволство да соработувам и во тие моменти кои беа критични и клучни, низ силниот институционален капацитет на Централната банка успеавме да спроведуваме независна, адекватна монетарна политика која резултираше во задржување на макроекономската стабилност, а со тоа даде и клучен придонес кон растот на нашата економија“, рече новиот гувернер на НБРМ.
Потенцираше дека сите успешни политики што се спроведуваа досега беа резултат на големиот институционален капацитет кој го поседува централната банка благодарение на долгогодишното вложување на раководстсвото на централната банка во развојот на човечките ресурси и додаде дека и натаму ќе се гради капацитетот на оваа институција.
Богов предавајќи ѝ ја функцијата на новоизбраната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, оцени дека во неговиот седумгодишен мандат имало седум години на стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем
„Во периодот 2011-2017 година просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти, Девизниот курс на денарот во однос на еврото беше одржан на стабилно ниво, а покрај оние редовни турбуленции имавме и два силни шока, едниот беше грчката должничка криза, а другиот домашната политичка криза што кулминираше со шпекулативниот напад на девизниот курс и стабилноста на банките“, рече Богов на прес-конференцијата пред да ја предаде функцијата на новата гувернерк
Оцени дека денарот воопшто не изгуби од конкурентноста во однос на еврото, односно, како што рече, немавме во овој период некоја апрецијација на денарот, токму поради тоа што инфлацијата се одржуваше на слично ниво како и во еврозоната.
За состојбата во финансискиот систем рече дека беше одржана стабилност и дека банкарскиот сектор успешно се развиваше и растеше во овој период.
„За седум години беше остварен раст на вкупната актива на банките, депозитите и кредитите од околу 50 проценти. Во просек годишниот раст на кредитите изнесуваше околу седум проценти. Депозитите имаа вкупен раст од 55 проценти“, рече Богов.
Додаде дека кредитиниот ризик значително е намален во овој период и процентот на лоши кредити од учество од 9,5 проценти во мај 2011 година во април годинава се намалени на 5,2 проценти.
Забележано е и зголемување на профитабилноста на банките од 2010 до 2017 година. Како што рече на крајто на 2010 година повратот на капитал изнесуваше седум проценти, а се очекува на крајот на годината да изнесува 20 проценти, што според Богов веројатно е највисоко ниво во целиот регион на ЈИЕ.
Богов потенцираше дека преку одржување на стабилноста на денарот и банкарскиот сектор направена е до некаде и поддршка на македонската економија.
„Каматната стапка се спушти на три проценти на историски најниско ниво. Секогаш може да се дискутира и дебатира дали можеше и пониско и можеше, но доколку немавме политичка криза и доколку фискалните политики беа малку подисциплинирани“, рече Богов.
Богов додаде дека просечниот економски раст во изминатите години е 2,2 проценти и повисок од просекот на ЕУ каде изнесува 1,3 проценти и истакна дека тој ќе беше посилен ако немавме забавување во последните две години поради политичката криза.
Одговорајќи на новинарско прашање што бил најлошиот момент во неговиот мандат како гувернер рече дека најверојатно кулминацијата на политичката криза и шпекулативниот напад врз банкарскиот систем.