Оваа гарнитура на власт има агенда за уништување на Македонија. Затоа е формирана таа антимакедонска коалиција. Ако ние прифатиме дека Гоце Делчев дека е Бугарин, ние прифаќаме дека ние сите сме Бугари“, нагласи Страшо Ангеловски, лидерот на ТМОРО-ВЕП, вечерва во емисија „Што не е јасно“.
Ангеловски запраша што биле нашите прадедовци кои живееле во време на Гоце Делчев, ако нашиот херој бил Бугарин.
„Прифаќајќи ја бугарската теза дека Гоце е Бугарин, ние во истиот момент потпишуваме дека ние Македонците имаме бугарски корени. И дека ние Македонците сме дел од бугарската нација. Бидејќи не можеме да бидеме дел од бугарскиот народ затоа што за нивна жал таков народ не постои“, истакна Ангеловски.
Ангеловски додаде дека посакува оваа антимакедонска влада да собере малку сила да не избрзува со овие одлуки и да прифаќа ултиматуми од Бугарија.