Тој сигурно ќе ја предводи Македонија на закажаниот пријателски натпревар со Црна Гора на 12-ти ноември, како и на најавениот тест со Либан. Веднаш потоа ќе добие и можност за продолжување на соработката со двегодишен циклус во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.
Ангеловски во текот на денешниот ден треба да има состанок со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски по кој и официјално ќе го преземе кормилото на Македонија.
Првично, тој ќе го предводи и тимот на Работнички до крајот на зимската пауза, а потоа и професионално ќе потпише договор како селектор за наредниот квалификациски циклус.
Македонија во следниот циклус квалификации за СП 2018 година се наоѓа во група со Шпанија, Италија, Израел, Албанија и Лихтенштајн.