„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.
„Ни престои тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, агресивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати“, рече Ангеловски.
Натпреварот Македонија – Норвешка ќе се игра на 11 ноември во Скопје.
Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски повика 21 фудбалер:
Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон
Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу;
Среден ред: Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Езџан Алиоски, Енис Барди, Бобан Николов, Никола Ѓорѓев, Љупчо Дориев, Аријан Адеми, Марјан Радески;
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски.
Македонија во последниот период бележи добри резултати и прогрес на ФИФА ранг листата, па средбата со Норвешка ќе биде можност да се заокружи со позитивен резултат успешната 2017 година.