Ангеловски: Обидот на Заев за да излезе страдалник веќе не поминува, крајот утре ќе му се испише

Ајде да се потсетиме да речеме еве и на миленикот на Зоран Заев, Костадин Костадинов кој во една прилика рече чуму ти е идентитет, ако немаме пари. Ајде да се потсетиме на изјавата на Стево Пендаровски, човекот којшто е претседател од редовите на СДСМ, кој рече дека ако не беше претседател и тој ќе ја напуштел Македонија. Овие луѓе се луѓе на Зоран Заев, вакви луѓе не треба да ја водат Македонија, заклучи Страшо Ангеловски, претседател на МААК во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Ангеловски додаде дека Заев најави оставка за да излезе како страдалник во очите на граѓаните.

„Она кога Заев ја понуди оставката тоа беше негов обид тој да се прикаже како страдалник кој еве заради поразот ќе се повлече меѓутоа тоа беше обид за да на негово место дојде друг човек, Владата да остане иста и ништо да не се промени. Но, кога виде дека тоа нема да оди туку така, и откако виде дека се собираат навистина мнозинство на пратеници кои едноставно ќе му изгласаат недоверба и почна да ја менува играта. Ние сме сведоци, дека Заев со измама дојде на власт, со измама владееше и сега со измама сака да остане на власт и понатаму“, заклучи Ангеловски.

Посочи дека ситнопазарџиски менталитет не може да се смени на Заев.