“Романтичарите” отпатуваа во Турција со предност од 1:0, но сега следи потешкиот дел, да се задржи истата.
Тренерот на Работнички, Игор Ангеловски фаворитската улога ја препушти на ривалот, но истакна дека иако така беше и во Скопје, неговите избраници покажаа дека имаат квалитет за пласман во следната фаза.
Трабзон е фаворит, ама ние ќе сториме се за да влеземе во плеј-офот. Ќе се обидеме да ја играме нашата препознатлива игра, а како ќе се одвиваат работите на теренот останува да видиме. Покажавме дека имаме сила и квалитет да играме со силни противници, па очекувам така да биде и со Трабзон, истакнува Ангеловски.
Работнички е единствениот македонски тим кој не претставува во фудбалска Европа, откако претходно од Лигата на Европа беа елиминирани Шкендија и Ренова, додека Вардар беше совладан во двомечот против АПОЕЛ кој се играше во рамките од Лигата на шампионите.