Јас многу долго време пишувам дека СДСМ е киднапирана партија од страна на Зоран Заев, ја киднапира социјалдемократијата, и социјалдемократијата ја претвори во трговско друштво, преку кое навистина човекот мисли дека се е на продажба, и се е за купување и така се однесува, така се однесува и во приватниот живот со браќата и братучедите со кои се обидуваат да купат се што може да се купи, а од друга страна во политичкиот живот продава се што може да се продаде, вели Страшо Ангеловски лидерот на МААК вечерва во Алфа телевизија.
„Тој критикуваше дека начинот на функционирање на Заев како што и самиот има изјавено е на зелените пазари низ Југославија, па генерации се сеќаваат дека дел од струмичаните кои продавале пиперки во вреќа во средина ќе ги стават расипаните пиперки, па ќе се обидат да те манипулираат, па така и Заев затоа што тоа е школото кое тој го изучил, па така тоа училиште пазарџиско го пренесе и во политиката“, критикуваше Ангеловски.