Пред неколку дена еден полицаец во подземната железница во Лос Анџелес снимил жена која пеела опера од Пучини, а снимка стана вистински хит на Интернет.
Полицаецот Хектор Гузман бил маѓепсан од прекрасниот глас кој одекнувал во подземната железничка станица. Тој ја споделил снимката на социјалните мрежи, собирајќи повеќе од 270.000 прегледи за три дена.
Станува збор за Емили Замурки (52) годишен бездомник која дошла во САД пред неколку децении. Таа раскажала дека поради здравствени проблеми завршила на улица.
За да ги покрие сите трошоци почнала да свири на улица, ама ѝ ја украле виолината, па оттогаш сѐ и пошло наопаку.
Таа изјавила дека сака да пее во метрото поради акустиката која ја потсетува на настап во концертна сала и се надева дека новостекнатата слава ќе ѝ помогне да застане на нозе.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=27&v=BISWy5INYPo
„Ќе бидам му бидам благодарна на секој што ќе ми помогне да се тргнам од улица и да си обезбедам дом и инструмент“, рекла Емили за телевизијата Еј-Би-Си 7, како што пренесува Спутник.