![stadion zatvoren](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/stadion-zatvoren.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Фудбалската сезона во Англија нема да продолжи пред 30-ти април, а може да биде продолжена на неодредено време поради пандемијата од коронавирусот, соопштено е во четвртокот.
Ваквата одлука ја објави Англискиот фудбалски сојуз (FA) по видео-конференцијата со претставниците на Премиер лигата и на другите професионални фудбалски лиги во четвртокот.
Според правилата на FA, сезоната во Англија мора да заврши до 1-ви јуни, меѓутоа поради вонредната ситуација решено е дека за оваа сезона ова правило нема да важи.
„Најважно е здравјето на играчите, навивачите и клупскиот персонал, и ќе продолжиме да ги следиме упатствата од владата за да ја следиме ситуацијата и да ги имаме на располагање сите можни опции за да можеме да ја продолжиме сезоната кога условите тоа ќе го дозволат“, објавија од асоцијацијата.