Англија: Црногорски фудбалер го гризна за врат противникот

Англиската фудбалска асоцијација (FA) објави дека ќе ги истражи наводите дека црногорскиот напаѓач на Престон Норт Енд, Милутин Осмајиќ, го гризнал дефанзивецот на Блекбурн Роверс, Овен Бек, во текот на натпреварот од англиската воа лига во неделата.

Се играла 89. минута од дуелот кога Овен Бек по осудениот прекршок соборил фудбалер на Престон кој сакал што побрзо да го изведе слободниот удар, а потоа дојде до невидена лудница. Осмајиќ целосно ги загубил нервите, го зграпчил Бек одзади и го гризнал за врат.

Шокираниот Бек се обидувал да му објасни на судијата што се случило, а на крајот Бек добил црвен картон, а Осмајиќ само жолт картон.

„Позајмениот одбранбен играч на Ливерпул, Бек, има голема лузна од гризнување на задниот дел од вратот“, изјави главниот тренер на Блекбурн, Џон Јустас

„Ова е многу сериозен инцидент, никој не сака да биде каснат. Сите се лути поради тоа. Не е убаво да се биде во ситуацијата. Сигурен сум дека вистинските луѓе ќе го видат тоа и ќе се справат со тоа“, додаде Јустас.

Во 2013 година, Луис Суарез беше суспендиран од 10 натпревари од FA, откако тогашниот уругвајски напаѓач на Ливерпул го гризна дефанзивецот на Челзи, Србинот Бранислав Ивановиќ.

Дваесет ипетгоишниот Осмајиќ за црногорската репрезентација има одиграно 20 натпревари.