Двете екипи тргнаа претпазливо во натпреварот и немаше многу возбудувања на крајот, а првата закана пристигна преку Хари Кејн, но неговиот удар беше изблокиран од Американците, кои потоа беа напаѓачки насочени кон голот на „Гордиот Албион“, а најопасен беше Кристијан Пулишиќ кој ја погоди пречката.
Во второто полувреме се играше здодевен фудбал без посериозни шанси за да се затресе некоја од мрежите, кои останаа да мируваат до крајот на дуелот и така Англија и САД си поделија по еден бод.
Англија е лидер во групата Б со четири бодови, по што следи Иран со три, САД имаат два, а Велс е последен со еден бод.