Фудбалските селекции на Англија и на Швајцарија изборија директен пласман на Светското првенство во Катар следната 2022 година, додека европската шампиони Италија ќе мора да оди во баражот како и македонската селекција.
Во Групата Ц се одвиваше драма, откако Италијанците минатата седмица не реализира пенал во последните моменти до дуелот на својот терен со директниот ривал Швајцарија. Актулените европски прваци ѝ гостуваа на Северна Ирска, а Швајцарија дома ја пречека слабата Бугарија. На крајот се радуваа Швајцарците кои и покрај два поништени погодока во второто полувреме го скршија отпорот на Бугарите и победија со 4:0, а Италија во Блефаст одигра во грч под императивот победа само 0:0.
Италија и Швајцарија во последното коло влегоа со по 15 бодови, а „Аѕурите“ имаа два гола подобра гол-разлика. Така и за двете селекции беше важно да се победи, но и тоа можеше да не биде доволно за првото место во групата.
И во Белфаст и во Луцерн првите 45 минута завршија без голови, па во тој момент директни патници во Катар беа Италијанците. Но ситуацијата се смени веќе во 48 минита, кога Ноа Окафор ја доведе во водство Швајцарија, а девет минути подоцна Рубен Варга зголеми на 2:0. Следеа два поништени погодика на Швајцарците поради офсајд, но во 72 минута Седрик Итен зголемува на 3:0, а конечните 4:0 ги постави во судиското продолжение Ремо Фруилер.
Швајцарија така го освои првото место со 18 бодови, два повеќе од Италија. Ова за Швајцарците ќе биде 12-от настап на светските првенства, а најдалеку стасале во четвртфиналето, но далечната 1954 година.
На мундијалот директно се пласираше и Англија која првото место во Групата И го потврди со убедливата победа до 10:0 на гостувањето кај Сан Марино. Последен пат „Гордиот Албион“ постугнал 10 голови во 1964 година кога со идентични 10:0 ги совладаа САД.
На Англичаните, кои се актуелни европски вицепрваци и полуфиналисти од последното Светско првенство, им беше потребен само бод практично да го потврдат првото место, но беше илузорно да се очекува дека ќе киксираат против тимот кој досега го победиле во сите седум дуели со гол разлика 42:1.
Славеа и по осми пат со погодоците на Хари Мегваер во 6, Филип Фабри во 15 минута постигна автогол, Хари Кејн погоди во 27 и 39 минута од пенал и во 32 и 42 минута од игра, Емил Смит Роув во 58, Тајрон Мингс во 69, Тами Абрахам во 78 и Букајо Сака во 79 минута.
Англија во Катар по 16-ти пат ќе игра на светско првенство или седми пат по ред. Најголем успех оствари во 1966 година кога станаа контроверзни прваци на својот „Вембли“ против Германија, а уште двапати беа четврти – во 1990 и во 2018 година.
Полска и пред последното коло го имаше обезбедено второто место, па дуелот против Унгарија немаше посебно значење. Во мечот одигран во Варшава славеа гостите со 2:1.
Унгарија поведе во 37 минута со голот на Андраш Шафер, израмни Карол Свидерски во 61 минута, а Даниел Газдаг во 80 минута им динесе победа на гостите. Албанија ја совлада Андора со 1:0.
Во Групата Ф сѐ беше познато и пред последното коло. Данска како победник директно оди во Катар, а Шкотите со ворото несто оди во дополнителните квалификации, исто како и Австрија но преку Лигата на нациите.
Во последното коло Шкотска во Глазгов со 2:0 ја победи Данска, нанесувајќи ѝ го првиот пораз во квалификациите. Стрелци беа Џон Сута во 35 и Ли Адамс во 86 минута.
Австрија ја победи Молдавија со 4:1, а Израел со 3:2 славеше против Фарските острови.