Репрезентацијата на Јапонија е вториот финалист на Светското првенство за жени што се одржува во Канада откако ноќеска ја совладаа Англија со 2:1.
Англичанките можат да се прогласат за вистински трагичари затоа што двата гола што ги примија беа чудни.
Прво, Јапонија доби пенал за прекршок надвор од шеснаесетникот и со него поведоа со 1:0, а погодокот за победа, всушност, беше автогол во втората минута од судиското продолжение. Резултатот го отвори Мијама во 33-та минута, израмни Вилијамс, исто така, од пенал седум минути подоцна, а победата на Јапонија и ја донесе Басет со автоголот.
Во големото финале в недела, Јапонија ќе се сретне со САД, додека Англија за третото место ќе игра против Германија.