И покрај растот на бројот на заразените со коронавирусот во тимовите од англиската Премиер лига и бројните одложувања на натпреварите, Англичаните сепак во неделата успеаја да го „спасат Боксинг деј“, традиционално одигрувајќи го колото ден по католички Божик.
Додека најголемиот дел од фудбалскиот свет мирува во текот на божикните и новогодишните празници, англиските лигаши од 26-ти декември до 3-ти јануари на распоредот имаат дури три првенствени кола.
Традиционално на „Боксинг деј“ доминираат, фудбалот, коњичките трки, крикетот и други спортови во Обединетото Кралство и во земјите од Комонвелтот. Сепак, „Боксинг деј“ е сининим за фудбалот.
Првиот дуел во историјата на „Боксинг деј“ бил судирот меѓу Шефилд ФК, најстариот фудбалски тим на светот, и Халам ФК, нивниот локален ривал, а натпреварот бил одигран на 26-ти декември 1860 година. Од тогаш во Англската фудбалска лига одиграни се повеќе од 3.700 натпревари на овој ден според Здружението на фудбалските статистичари.
Во историјата ќе бниде впишан 16-ти декември 1963 година, кога на десет натпревари биле постигнати 66 погодоци, а најмногу во дуелот меѓу Фулам и Ипсвич кој завршил со резултат 10:1.
Годинава најмногу погодоци гладачите видоа на „Итихед“ каде Манчестер Сити со 6:3 го совлада Лестер Сити. Граѓаните поведоа со 4:0, „Лисиците“ подота во првите 20 минути од вториот дел постингаа тир гола намалувајќи на 3:4, но Сити со петиот и шестиот гол го „стивна“ налетот на гостите.
Тимот на Пеп Гвардиола фуриозно влезе во дуелот и веќе по 25 минути имаше четири голови предноста а стрелци беа Кевин Де Брујно во 5, Ријад Марез во 14 од пенал, Илјај Гундоган во 21 и Рахим Стерлинг од нов пенал во 25 минута. Домашните потоа го намалија темпото, па следеа трите погодока на Лестер во десет минути а стрелци беа Џејмс Медисон во 55, Адемола Лукман 59 и Келечи Иненачи во 65 минута со што гостите се вратија во мечот. Сепак Емерика Лапорт веќе во 69 минута ги потсети гостите напрвиот дфел а Стерлинг ги разреши во 88 сите дилеми погодувајќи за конечните 6:3.
Одличен натпревар одиграа и Вест Хем Јунајтед и Саитемптон, а на грајот гостите славеа со 3:2. Саутемптон водеше со 1:0 и 2:1, Вест Хем двапати се врати но кога „Светцит“ и по третпат го совладаа Лукаш Фабијански, „Чеканите“ веќе немаа сила за трето израмнување.
За гостите стрелци беа Мохамед Елјунуси во 8, Џејми Ворд-Проус од пенал во 51 и Јан Беднарек во 70 минута, а за Вест Хем погодија Микаил Антониот во 40 и Саид Бенрама во 64 минута.
Арсенал на гостувањето го декластиреше ф5:енерџијата Норич Сити со 5:0. Головите за лондонските „Тобчии“ гио псотигнаа Бакајо Сака во 6 и 67, Киеран Тиерни во 44, Александр Лаказар од пенал во 84 и Емил Смит Роув во првата минуте од судиското продолжение.
Убедлив беше и Тотенхем кој го совлада градскиот ривал Кристал Палас со 3:0.
Водечкиот погодок го постигна капитенот Хари Кејн и ова е веќе неговиот 9-ти гол на „Боксинг деј“ со што го достигна рекоредерот Роби Фаулер кој на натпреварите играни на 26-ти декември постигна исто толку погодоци. Зад нив останаа Алан Ширер и Робни Кин со по осум голови.
Во победата против Палас стрелци уште беа и Лукас Моура во 34 и Сон Геунг-мин во 74 минута. Треба да се додаде и дека гостите од 37 минута играа со играч помалки откако бепе исклучен Вилфред Заха.
Мечот меѓу Лидс Јунајтед и Астон Вила кој требаше да се одигра во вторник е одложен поради многуте случаи на коронавирус и повреди во тимот на Лидс. Тоа е 14-от натпревар во Премиер лигата кој е откажан во декември, а втор на Лидс по одложувањето и на денешниот дуел со Ливерпул.
На табелата води Манчестер Сити со 47 бодови, шест повеќе од Ливерпул кој има меч помалку, додека трет е Челзи со 38 бодови и исто така натпревар помалку.
Арсенал сега е четврти со 35 бодови, а пота следат Тотенхем со 29 и Вест Хем со 28 бодови.