Централниот дефанзивец на фудбалската репрезентација на Англија, Фил Јагиелка, откри дека постојано ја анализира играта на контроверзниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели кој ќе биде најголема опасност кон англискиот гол за време на првиот натпревар од квалификациската рунда на престојниот Мундијал во Бразил.
„Точно дека има тежок карактер, но Марио редовно ги тресе противничките мрежи. Поседува невидени квалитети, поседува невиден удар. Мислам дека многу му одговара и топката која ќе биде користена на Мундијалот во Бразил. Погледнав неколку касети, неколку натпревари на кои Марио има одиграно добро. Ја анализирам неговата игра, го анализирам секој негов потег. Не смееме да му дозволиме да упати удар од далечина. Ако ги запреме неговите удари, тогаш сигурно ќе освоиме некој бод во дуелот против Италија”, изјави дефанзивецот на Евертон.