Англија со рекорд ја демолираше слабата Панама, Унгарија сепак недостижна

Фудбалерите на Англија славеа во второто коло од Групата Г на Светското фудбалско првенство во неделата во Нижни Новгород против Панама со 6:1 а дури пет гола постигнаа во првото полувреме, со што покрај Белгијците се пласира во осминафиналето.

Најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн постигна хет-трик откако беше прецизен реализатора на двата пенала во 22 и 45 минута а потоа погоди и во 62 минута. Стоперот Џон Стон погоди уште двапати, во 8 и 40 минута, а во 36 минута меѓу стрелците се впиша и Џеси Лингард. Почесниот гол за Панама го постигна Фелипе Балој во 78 минута.

Интересно е што Англичаните никому досега во регуларен тек на натпревар на Светското првенство не му дале повеќе од три гола, а против Панама само во првото полувреме постигнаа пет. Покрај тоа, Англија е и првата селекција којашто на тековниот мундијал постигна шест голови, а Кејн со пет погодоци го презема водството на листата најдобри стрелци на турнирот.

Англија досега никогаш не славела со три голови разлика. Највиордиот Албион“ и извојувал на светските првенства против Данска во 2002 година, како и ПАрагвак и Полска во 1986 година со резултат 3:0.

Најубедливата победа на светските шампионати ја постигна Унгарија којашто во 1982 година го совлада Салвадор со 10:1. Тогаш Ласло Киш постигна три гола, Тибор Њилаши и Ласло Фазекаш по два, а по еднаш погодија Габор Полоскеј, Јозеф Тот и Лазар Жентеш. Но тогаш Унгарците ја остварија само оваа победа и не ја минаа групата.

Унгарците со девет голови разлика славеле и во 1954 година против Јужна Кореја. Тогашната „Лесна коњица“ на истото првенство ја совладала и Западна Германија со 8:3, но Германците изненадувачки славеле во финалето со 3:2 и тоа по раното водство од 2:0 на Германија.

Резултат од 9:0 оствари и некогашна Југославија против Заир во 1974 година.

Натпревар со најмногу голови во историјата на свеските првенства е одигран во четвртфиналето во 1954 година кога Австралија ја победила Швајцарија со 7:5 иако по само 20 минути игра губела со 0:3.

Најголеми победи:

10-1 Унгарија – Салвадор (1982)
9-0 Унгарија – Јужна Кореја (1954)
9-0 Југославија – Заир (1974)
8-0 Шведска – Куба (1938)
8-0 Уругвај – Боливија (1950)
8-0 Германија – Саудиска Арабија (2002)
7-0 Турција – Јужна Кореја (1954)
7-0 Уругвај – Шкотска (1954)
7-0 Полска – Хаити (1974)
7-0 Португалија – Северна Кореја (2010).