Англиската црква ќе ја разгледа употребата на родово неутрални термини за да обраќање на Бог во молитвите, но вековната институција во средата соопшти дека нема планови за укинување на сегашните служби, а во четвртокот објави дека отсега ќе ги благословува браковите на истополовите бракови, откако членовите на Генералниот синод во четвртокот гласаа за оваа одлука.
Прашањето, како што пренесуваат западните медиуми, „ја одразува растечката глобална свест за претпоставената употреба на заменки што предизвикува навреда или вознемиреност кај оние кои не се идентификуваат со полот што им бил доделен при раѓање“.
„Христијаните уште од античко време признаваат дека Бог не е ниту машко ниту женск. Сепак, различните начини на обраќање и опишување на Бог што се наоѓаат во Светото писмо не секогаш се одразувале во нашето обожавање“, се наведува во објавата на портпаролот на Англиканската црква.
Но, како што пренесува Reuters, портпаролот додал дека нема „апсолутно никакви планови за укинување или суштинска ревизија“ на досегашните востановени служби и дека не може да се направат никакви промени без „обемно законодавство“.
Коментарите следуваат по размената во Генералниот синод, водечкото тело на Црквата, каде што е поставено прашањето за развивање поинклузивен јазик во овластените облици на богослужба и се барале опции за оние кои сакаат да зборуваат за Бога на „неполов начин“.
Портпаролот рекол дека имало поголем интерес за истражување на нов начин на изразување од воведувањето на формите на богослужби во современиот јазик пред повеќе од 20 години.
Бискупот Мајкл Ипгрејв, заменик-претседател на црковната литургиска комисија, рече дека Црквата „веќе неколку години ја истражува употребата на родовиот јазик во однос на Бога“.
Ваквото размислување е најновиот обид на Англиканската цркваа да остане во чекор со поимите околу родот и сексуалноста во последниве децении кои брзо се развиваат, оценува во коментарот NBC.
Синодот на Англиканската црква во јануари даде предлози кои покажуваат дека ќе одбие да им дозволи на истополовите парови да се венчаат во нејзините цркви, но рече дека свештениците би можеле да ги благословуваат во црквата. Исто така, им се извини на ЛГБТКИ+ луѓето за отфрлањето и непријателството со кои се соочија. Црковната комисија за верата и односите- која советува за теологија – ќе работи со литургиската комисија за разгледување на прашањата околу родовите термини, рекол портпаролот.
„Генералниот синод на Англиската црква ги поздрави предлозите кои ќе им овозможат на истополовите парови да дојдат во црква откако ќе склучат граѓански брак или граѓанско партнерство за да се заблагодарат, да му го посветат својот однос на Бог или да добијат Божји благослов“, се вели во соопштението на највисокото црковно тело.
Епископите на Англиската црква, исто така, се извинија во изјавата на ЛГБТК+ луѓето коишто „се соочуваат со отфрлање и непријателство“ во црквите и за влијанието што тоа го имало врз нивните животи.
Меѓутоа, претходните англикански бискупи, по шестгодишна внатрецрковна дискусија, одбија да поддржат иницијатива што ќе им овозможи на свештениците на Англиската црква да стапуваат во брак со истополови двојки. Тие се согласија на паровите од ист пол да им се даде „најширока можна пасторална грижа“, а за оние кои сакаат да добијат благослов, беа составени посебни молитви, меѓутоа, „учењето на Црквата за светиот брак“ како заедница „меѓу еден маж и една жена доживотно“.
Нецрковните бракови меѓу припадниците од ист пол во Англија, Шкотска и Велс почнаа да се регистрираат во 2014 година, а во Северна Ирска во 2020 година